Јавниот увид во Избирачкиот список завршува утре, до 13-ти септември се доставуваат кандидатските листи
Денес граѓаните имаат можност да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија до 20 часот. Барањата за внесување, дополнување или отстранување во избирачкиот список, граѓаните можат да ги достават и по електронска пошта.

Утре на полноќ завршува јавниот преглед на Избирачкиот список за локалните избори.
Денес граѓаните имаат можност да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија до 20 часот. Барањата за внесување, дополнување или отстранување во избирачкиот список, граѓаните можат да ги достават и по електронска пошта.
На 13-ти септември на полноќ завршува рокот за доставување на листите со кандидати за градоначалници и советници.
Изборната кампања ќе почне на 29-ти септември, а првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19-ти октомври на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
