ЦУК
Четири активни пожари, два под контрола, 23 изгаснати
10.09.2025 09:35
Активни пожари има во Липково, Гази Баба, Студеничани и два во Струга, каде што гори ниска и висока шума, ниска вегетација и депонија. Под контрола се пожарите во Берово и Струмица.

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани 29 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, два се под контрола, а 23 се изгаснати.
Активни пожари има во Липково, Гази Баба, Студеничани и два во Струга, каде што гори ниска и висока шума, ниска вегетација и депонија. Под контрола се пожарите во Берово и Струмица.
Надлежните служби се на терен и интервенираат за локализирање и гаснење на огнените стихии.
