Македонија

Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на проекти во општина Гази Баба

10.09.2025 08:44

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе изврши увид во изградба на спортско-рекреативен центар „Идризово“, во изградбата на градинка Трубарево и увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде што ќе изврши увид во градежни активности на неколку проекти.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе изврши увид во изградба на спортско-рекреативен центар „Идризово“, во изградбата на градинка Трубарево и увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром – проект кој е финансиран од вториот повик на Владата за поддршка на проекти на општините.