Гарабаја: Загреб е компетитивен тим, треба да ја наметнеме нашата игра
Шпанскиот стратег на клупата на „битолчани“ Рубен Гарабаја денес го има вистинскиот прв тест...

Новата сезона ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја почнаа со две победи. Во Супер купот беше совладан големиот конкурент Вардар, а во првото лигашко коло Бутел. Шпанскиот стратег на клупата на „битолчани“ Рубен Гарабаја денес го има вистинскиот прв тест.
Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се подготвени за Лигата на шампионите. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки. Подготвен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар, изјави тренерот Гарабаја.
Еурофарм Пелистер е дел од групата Б, а ривали покрај Загреб му се уште: Висла, ПСЖ, Барселона, ГОГ, Магдебург и ПИК Сегед.
