Тетекс го запре триумфалниот тек на Вардар

24.08.2014 20:47

Претпоследиот спортски викенд во август ги понуди трите преостанати дуели од 4-то кол во во Првата фудбалска лига на Македонија.

Рундата беше комплетирана со само еден триумф на домашна екипа, со реми на лидерот Вардар против прволигашкиот новак-повратник Тетекс, и со изненадувачка победа на Пелистер во Тетово кај тимот на Ренова.

Тетекс ја прекина серијата од три победи на црвено-црните играјки нерешено 2-2. Во првото полувреме Ивановски погоди за водство на вардарци, изедначи Да Силва. Тетовчани најавија изненадување со голот на Начевски, но Петров го спречи тоа.

Изненадувачки цел плен од Тетово носи Пелистер, кој ја совлада Ренова со 2-0 со головите на Ступиќ.

Турново пред своја публика ја оствари првата победа оваа сезона, откако со 2-1 славеше против Брегалница. Откако, Вареловски си постигна автогол, засилувањето Драган Ѓорѓиев со два гола беше архитект на трите бода.

Резултати, 4-то коло

Тетекс – Вардар         2-2       ( Да Силва 45, Начевски 49 / Ивановски 14, Петров 55 )

Ренова – Пелистер    0-2       ( Ступиќ 45, 90 )

Турново – Брегалница Ш.    2-1       ( Ѓорѓиев 64,85 / Вареловски 61 автогол )

Вчера,

Металург – Шкендија           1-1

Работнички – Силекс           0-0

Табела

  1. Вардар            10
  2. Металург        8
  3. Силекс            8
  4. Шкендија       7
  5. Пелистер        6
  6. Работнички    4
  7. Ренова            4
  8. Брегалница    3
  9. Турново          3
  10. Тетекс             2