МВР
Приведен крадец во Куманово
10.09.2025 14:26
А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава...

На 09.09.2025 во 20:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(28) од село Костурник, кумановско, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во црква Свети Никола на улица „Димитар Влахов“ и одзел пари.
А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
