Здравство

„Мој термин“ повторно во функција

10.09.2025 11:24

Во текот на вчерашниот ден, системот „дишеше на шкрги“ и едвај успорено работеше, поради што пациентите се соочија со проблем и беа вратени без да ја добијат потребната услуга.

Денеска повторно е во функција електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“.

Во текот на вчерашниот ден, системот „дишеше на шкрги“ и едвај успорено работеше, поради што пациентите се соочија со проблем и беа вратени без да ја добијат потребната услуга. Матичните лекари не можеа да ги прегледаат, ниту да издаваат упати и рецепти.

Надлежните признаваат дека инфраструктурата на системот е застарена, но, тоа треба да се надмине со префрлање во нов дата-центар.