Пандев на релација „Сан паоло“ - „Сан сиро“
На една недела од истекот на преодниот рок, италијанските медиуми пишуваат дека Горан Пандев е на половина пат од враќање во Милано.
Откако Рафа Бенитез не смета на услугите на македонскиот интернационалец во Наполи, а Милан се ослободи од Марио Балотели кој замина за Ливерпул, се актуелизира трансферот на Пандев, кој заедно со Блерим Џемаили треба да ги засилат росонерите.
Според медиумите во Италија се работи за разлика од 3 милиони евра, зашто Наполи одредил отштета од 8 милиони евра за двајцата фудбеалери, а Милан е подготвен да плати 5 милиони евра за нив.

Ценкањето треба да продолжи деновиве, а шпекулациите велат дека двата клуба ќе се најдат на заедничка сума од околу 6,5 милиони евра, па Горан Пандев ќе се врати на „Сан Сиро“ во Милано каде што доживеа блескави моменти во кариерата , но во дресот на Интер.