Проф. Трајковски: Младите се иселуваат во потрага по поквалитетен живот
Институтот за социологија при УКИМ организираше меѓународна научна конференција по повод 50 години постоење. Промените во нашето општество од глобализација, миграција и сите нивни влијанија врз социолошките аспекти, тема на конференцијата…

Во време на глобализација и дигитализација, младите имаат информации на дланка, а светот вон границата им се чини привлечен. Многу одлучуваат и да ја напуштат земјава, во потрага по поквалитетен живот, но и за да избегаат од наталожените проблеми – на пример, во услови на еколошка криза, за нас стана нормално да дишеме загаден воздух, вели социологот Ило Трајковски. Должни сме да им овозможиме на младите да студираат и да се вработуваат во земјава, рече Трајковски.
Промените во нашето општество од глобализација, миграција и сите нивни влијанија врз социолошките аспекти, тема на конференцијата по повод 50 годишнината од постоењето на Институтот за социологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Во време на лажни вести и фабрикувани вистини, граѓаните тешко можат да распознаат што е вистина а што лага. Институциите како институтот за социологија постои за да ги анализираат процесите објективно и со научни факти.
Александра Спировска
