Здравство

Се чека извештајот на Интерната комисија

10.09.2025 17:48

Сè уште нема епилог – продолжува чешлањето на осумте медицински досиеја за извршените операции, за кои постои сомнеж дека биле непотребни. На потег интерната комисија. Случаите ќе ги разгледуваат и странци. Отсега, интервенциите во приватните болници кои се покриени од Фондот ќе мора да се евидентираат во „Мој термин“...

Кога Интерната комисија ќе ги разгледа 8-те предмети за сомнителните операции од административни и стручен агол, Здравствениот совет што го формираше министерот за здравство ќе има состанок на кој ќе одлучи какви чекори ќе преземе, дали ќе треба да се менува законот или пристапот кон групата на пациенти.

Сомнежот за неоправдани кардиолошки и кардиохируршки интервенции го вклучи алармот за поголема будност на здравствените власти.

Министерот Алиу вели, мора да постои синергија меѓу јавното и приватното здравство, па затоа иницираше соработка со приватните болници. Специјалисти од приватниот сектор ќе треба да им помагаат на колегите во дијагностиката и лекувањето пациенти.

Наташа Јанчиќ Менковски