Кевин Лав му се придружи на Џејмс во Кливленд

24.08.2014 22:15

Уште едно големо засилување за НБА тимот на Кливленд Кавалирс.

Ол стар играчот Кевин Лав ќе му биде клупски партнер на четирикратниот МВП во НбА, Леброн Џејмс, кој од Мајами се врати во старото јато.

Доскорешниот 25 годишен крилен центар на Минесота Тимбервулвс, потпиша петгодишен договор со Кливленд вреден повеќе од 120 милиони долари.

Кавалирс за да го добијат Лав, мораа во Минесота да ги испратат двајцата кошаркари кои ги избраа како први на последните два „драфта“. Значи, годинашниот прв „пик“, Ендрју Вигинс како и ланскиот прв избор, Ентони Бенет, ќе играат заедно кај Тимбервулвси.

Лав минатата сезона во просек по натпревар во дресот на Минесота имаше 26,1 поен, 12,5 скока и 4,4 асистенции.