локални избори

Денеска на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

11.09.2025 08:05

Денеска на полноќ завршува јавниот преглед на Избирачкиот список за локалните избори. Граѓаните имаат можност да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија до 20 часот. Барањата за внесување, дополнување или отстранување во Избирачкиот список, граѓаните можат да ги достават и по електронска пошта...

Денеска на полноќ завршува јавниот преглед на Избирачкиот список за локалните избори. Граѓаните имаат можност да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија до 20 часот. Барањата за внесување, дополнување или отстранување во Избирачкиот список, граѓаните можат да ги достават и по електронска пошта.

На 13-ти септември на полноќ завршува рокот за доставување на листите со кандидати за градоначалници и советници. Изборната кампања ќе почне на 29-ти септември, а првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19-ти октомври на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.