Зеленски бара конкретна акција од Европа
Изјави дека потегот на Москва не бил случаен, туку намерен обид да се тестира реакцијата на НАТО...

По упадот на 19-те руски дронови во полскиот воздушен простор, Зеленски упати апел до светските лидери за итна и конкретна акција. Изјави дека потегот на Москва не бил случаен, туку намерен обид да се тестира реакцијата на НАТО.
„Има повеќе од доволно изјави, но сè уште има недостаток од акција. Русите ги тестираат границите на она што е можно. Снимаат како функционираат вооружените сили на земјите од НАТО“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Варшава му врачи протестна нота на рускиот амбасадор додека Москва тврди дека леталата дошле од Украина, нарекувајќи го потегот неоснован. ОН предупредија дека инцидентот ја истакнува регионалната нестабилност и реалниот ризик од проширување на конфликтот.
