Израел продолжува со бомбардирања во Газа
По нападот на Хамас во Катар, кој предизвика широка осуда во светот, Нетанјаху се закани со натамошни акции против милитантите, споредувајќи го потегот на Израел со САД од 11 септември и убиството на Осама бин Ладен во Пакистан.

Израелските сили продолжуваат со бомбардирања во Газа, при што загинаа десетици луѓе, истовремено извршија и нови смртоносни напади врз Хутите во Јемен со најмалку 35 жртви. По нападот на Хамас во Катар, кој предизвика широка осуда во светот, Нетанјаху се закани со натамошни акции против милитантите, споредувајќи го потегот на Израел со САД од 11 септември и убиството на Осама Бин Ладен во Пакистан.
„Се упативме кон терористичките организатори кои го извршија масакрот на 7 октомври. И го сторивме тоа во Катар кој им дава безбедно засолниште на терористите. Им велам на Катар и на сите нации кои ги засолнуваат терористите, или ќе ги протерате или ќе ги изведете пред лицето на правдата. Бидејќи ако не го сторите тоа, ние ќе го сториме тоа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Лидерот на Хезболах предупредува дека израелскиот напад врз Катар е аларм до земјите од Заливот дека нема да бидат поштедени во иднина ако милитантните групи бидат поразени.
