Временска прогноза

Облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

11.09.2025 08:01

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.