Убиен конзервативен активист близок до Трамп
Полицијата верува дека истрелот дошол од покрив, а двајца приведени беа подоцна ослободени. Напаѓачот сè уште не е идентификуван...

31-годишниот конзервативен активист и близок сојузник на претседателот Трамп, Чарли Кирк, почина откако беше застрелан за време на говор на Универзитетот Јута. Полицијата верува дека истрелот дошол од покрив, а двајца приведени беа подоцна ослободени. Напаѓачот сè уште не е идентификуван. Трамп ја обвини радикалната левица за неговото убиство и вети дека ќе ги пронајде сите што стојат зад политичкото насилство.
„Чарли Кирк е жртва за вистината и слободата. Неговата мисија беше да ги вклучи младите во политичкиот процес. Со години оние од радикалната левица ги споредуваа прекрасните Американци како Чарли со нацистите и најлошите масовни убиства и криминалци во светот. Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што го гледаме во нашата земја денес и мора да престане веднаш“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Шефот на Белата куќа нареди знамињата во земјата да бидат спуштени на половина копје во негова чест.
