Масовни антивладини протести во Франција
Протестите се случуваат во време на нова политичка и економска криза, по падот на владата на Бајру и преземањето на фукцијата на новиот премиер Себастијан Лекорну.

Солзавец, водени топови и над 400 уапсени на масовните протести низ Франција, предводени од екстремната левица против политиките на претседателот Макрон. Протестите се случуваат во време на нова политичка и економска криза, по падот на владата на Бајру и преземањето на фукцијата на новиот премиер Себастијан Лекорну. Тој најави суштински промени и отворен дијалог со опозицијата, која, пак, го смета за продолжение на политиките на Макрон.
„Ќе мора да се промениме, да бидеме покреативни, посериозни во начинот на кој работиме со опозициските партии. Ќе ни требаат значителни прекини со минатото. И не само во форма, или метод, туку и во суштина“, изјави Себастијан Лекорну, премиер на Франција.
„Новиот премиер ги поздрави сите политики на Макрон во текот на изминатите осум години. Затоа, немаме илузии дека тој има краткорочен закуп. Нашата амбиција е да се вратиме на избори и мислам дека нема да има друга можност во наредните недели“, изјави Џордан Бардела, претседател на францускиот национален собир и „Патриоти за Европа“.
