свет
Општ прекин на струјата во Куба, петти за една година
11.09.2025 09:13
Прекинот предизвика застој во економијата и остави дел од населението без електрична енергија со часови...

Куба повторно се соочи со општ прекин на струја-петти за помалку од една година, поради технички дефект во најголемата електрана. Прекинот предизвика застој во економијата и остави дел од населението без електрична енергија со часови.
Земјата веќе пет години е во длабока економска криза, дополнета со последици од неуспешни реформи и заострено ембарго од САД.
