Кошарка

Македонија ја прегази Данска за петто учество на Евробаскет

24.08.2014 22:38

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја декласира Данска од 80 : 46, во петтото коло од квалификациите за пласман на ЕП. Нашите кошаркари блескаа во мечот кој мораа да го добијат, особено во последната четвртина, кога го декласираа гостинот со 26 : 6 и се изборија за најубедливата победа во овој циклус.  Тоа е четврта победа во петтиот настап  во “Д“ квалификациската група, по која Македонија ја продолжува мртвата трка за првото место со Белгија. Данците беа рамноправни само на почетокот, кога неколкупати успеваа да го израмнат резултатот.

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја декласира Данска од 80 : 46, во петтото коло од квалификациите за пласман на ЕП. Нашите кошаркари блескаа во мечот кој мораа да го добијат, особено во последната четвртина, кога го декласираа гостинот со 26 : 6 и се изборија за најубедливата победа во овој циклус.  Тоа е четврта победа во петтиот настап  во “Д“ квалификациската група, по која Македонија ја продолжува мртвата трка за првото место со Белгија. Данците беа рамноправни само на почетокот, кога неколкупати успеваа да го израмнат резултатот. Но, по 11 : 11 следуваше серија од 8 : 0 за домаќинот и константно одржување на разликата меѓу 7 и 14 поени, се до завршување на третата четвртина, по која имавме 54 : 40. Разликата драстично се зголеми во првите пет минути од завршниот период по серијата од 17 : 2, а на 3 минути пред крајот предноста изнесуваше 74 : 44. Неколкумина наши кошаркари имаа свои моменти во мечот, најпрвин повлече Дамјан Стојановски, потоа Хендрикс, а во второто полувреме Трајковски, Симоновски, Соколов и Магдески. Во одбраната комплименти за комплетниот состав, затоа што освен во одредени моменти, не дозволуваше чисти позиции за гостите.

Хендрикс оствари “дабл дабл“ ефект кај победникот со 15 поени и 12 скокови, а по десет поени постигнаа Дамјан Стојановски, Трајковски и Симоновски, додека кај Данска најдобар поединец беше центарот Јонас Бергстед со 16 поени. Последниот натпревар од  квалификациите за ЕП 2015 година Македонија го игра во среда на 27 август, кога во “Борис Трајковски“ ќе ја пречека Белорусија.