Македонија

Судскиот совет ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

11.09.2025 09:00

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, на почетокот на месецов во изјава за медиумите најави дека Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите...

Судскиот совет денеска ќа ја одржи 528 седница, на која, како што е најавено треба да биде разгледано прашањето за начинот на постапување на Советот, за време на изборен процес.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, на почетокот на месецов во изјава за медиумите најави дека Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите, посочувајќи дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите.

Судскиот совет, според Камбовски, сака периодот на изборите да го искористи за внатрешна мини реформа во поглед на измени на правилникот за оценување на судиите, како и за утврдување на постапка за номинирање судија за Уставен суд.

На дневен ред на 528 седница на Судскиот совет, се и разгледување и усвојување на тримесечни извештаи за работа на судовите (април-јуни 2025 година) и расправа по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.