Министерот за култура ќе го посети Македониумот во Крушево
Владината портпаролка Марија Митева, вчера соопшти дека е обезбеден проект за интервентна заштита за споменикот во вредност од 2,5 милиони денари...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети споменикот Македониум во Крушево за кој Владата одвои 2,5 милиони денари за интервентна заштита, откако во дел од медиумите беше објавено дека споменикот пропаѓа.
Владината портпаролка Марија Митева, вчера соопшти дека е обезбеден проект за интервентна заштита за споменикот во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс.
Тој проект ќе биде финализиран до средината на следната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирањето и целосната реконструкција. Дел од експертизата ќе биде од странство.
