Еурофарм Пелистер со победа над Загреб стартуваше во Лигата на шампиони

11.09.2025 08:55

Клучната улога во завршницата ја имаше голманот Али Хеидарирад, кој со серија одбрани и постигнат погодок во последните минути ја обезбеди првата победа.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампиони, совладувајќи го Загреб со 25:23 во Битола.

Домашниот тим имаше одличен старт и поведе со 8:4, но хрватскиот шампион успеа да се врати и во второто полувреме накратко поведе со 14:15.

Клучната улога во завршницата ја имаше голманот Али Хеидарирад, кој со серија одбрани и постигнат погодок во последните минути ја обезбеди првата победа.

Најефикасни во победничкиот состав беа Дејан Манасков со осум и Иван Главаш со седум постигнати голови.

 

Фото: РК Еурофарм Пелистер/ Фејсбук