Дончиќ по поразот од Германија: Можев да направам повеќе

11.09.2025 09:38

Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот.

Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Лут сум, едноставно сум навистина лут. Можев да направам повеќе во последната четвртина. Создадов шутеви за себе, можев да бидам подобар во одлучувачките моменти, но донесов погрешни одлуки. Капа долу за моите соиграчи, покажавме дека можеме да победиме. Сите се боревме и дадовме сè, изјави Дончиќ за „BasketNews“.

Германија во полуфиналето на Евробаскетот ќе се соочи со Финска.

Во другото полуфинале ќе играат Грција и Турција.

 

Фото: ФИБА/ Еуробаскет