Фестивал „Under 600“ – четиридневна прослава на независниот театар
Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар од регионот, како и со предизвиците со кои тој се соочува.

Обајвена е програмата на „Under 600“ – првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од British Council) кој ќе се одржи од 25 до 28 септември 2025 година во Скопје, под мотото „И покрај сѐ“.
„Under 600“ е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.
Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар од регионот, како и со предизвиците со кои тој се соочува.
„Under 600“ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање на заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.
Фестивалот ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар, создавајќи простор за слободно творештво и уметничко влијание, велат организаторите.
