24 години од терористичките напади во САД
24 години од терористичките напади врз САД во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе откако четири киднапирани авиони беа насочени кон симболи на американската моќ: два авиони се урнаа во кулите близначки во Њујорк, еден го погоди Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија...

Денес се навршуваат 24 години од терористичките напади врз САД во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе откако четири киднапирани авиони беа насочени кон симболи на американската моќ: два авиони се урнаа во кулите близначки во Њујорк, еден го погоди Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.
Вкупно 2.996 лица ги загубија животите, вклучувајќи и 19 терористи од Ал Каеда. Над 25.000 беа повредени. Најмногу жртви – 2.606 – имаше во Њујорк, меѓу нив и 343 пожарникари и 71 припадник на безбедносните сили. Во Пентагон загинаа 125 лица, а во падот на авионот во Пенсилванија – уште 40. Нападите беа директен повод за САД да започнат глобална „војна против тероризмот“, што трајно ги промени меѓународните односи.
За организатор на нападите се смета Халид Шеик Мохамед, а Осама Бин Ладен, лидерот на Ал Каеда, беше убиен од американски специјалци во Пакистан во 2011 година. На местото на кулите денес стои споменик на жртвите.
