Македонија

Дождот не помогна во гаснењето на пожарот на „Дрисла“

11.09.2025 10:20

Жителите на градот неколку дена се изложени на непријатна, отровна миризба на пластика и смет по огнот во депониите „Дрисла“ и „Вардариште“. Најкритично беше изминатата ноќ откако ветерот го прошири чадот речиси низ целиот град.

Дождот во Скопје не помогна во гаснењето на пожарот во депонијата „Дрисла“. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека и изминатите денови на депонијата било фрлано вода, но гаснењето одело тешко.

„Секој ден се фрлаат тони и тони вода, но чадењето продолжуваше. Се преземаат низа мерки“, вели Ангелов.

Тој најави во текот на денот ќе излезе со дополнителни информации околу активностите што ќе се преземаат.

Жителите на градот неколку дена се изложени на непријатна, отровна миризба на пластика и смет по огнот во депониите „Дрисла“ и „Вардариште“. Најкритично беше изминатата ноќ откако ветерот го прошири чадот речиси низ целиот град.

Состојбата е загрижувачка, ова е удар врз здравјето на жителите, алармираат лекарите.