Кадетите поразени од Грузија остануваат без четвртфинале

25.08.2014 11:25

Македонската кошаркарска селекција за играчи до 16 години не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Европското првенство Б дивизија што се игра во Струмица.

Во последниот дуел од групната фаза нашите надежи се поразени од врсниците од Грузија со 87-77. Во текот на целиот дуел бркавме негатива од 5-9 поени разлика, во последните 4 минути влеговме изедначено, 70-70 , и наместо комплетен пресврт му дозволивме на противникот серија од 17-7.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Ефремовски со 27 поени, Димитријевиќ застана на 13, додека по 10 уфрлија Мамузиќ, Хот и Огњеновиќ.

Македонските кадети ќе разигруваат за пласман од 9-16-то место на првенството.