Фудбал
Кристијано Роналдо прогласен за „Најдобар играч на сите времиња“
11.09.2025 12:44
„Кој друг?“ – напиша Лигата на социјалните мрежи по повод признанието за 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср.

Фудбалската легенда Кристијано Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“ на церемонијата „Лига Португал награди сезона 2024/25“.
„Кој друг?“ – напиша Лигата на социјалните мрежи по повод признанието за 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср.
Во кариерата Роналдо настапуваше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср. На клупско ниво има одиграно 1.057 натпревари, постигнато 796 голови и 257 асистенции.
