МВР

Лишени од слобода двајца возачи од Охрид и Кичево

11.09.2025 14:00

Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки...

Вчера во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.

Исто во текот на вчерашниот ден во 19:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.А.(48) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, извршен на улица „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници сопреле моторно возило „Рено“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање констатирано е дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

Тие се исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.