Култура

„Плејбои...“ пристигнуваат во Драмски театар Скопје на 23 октомври

11.09.2025 19:44

Премиерата на „Плејбои...“ беше на 10 август во рамките на фестивалот „Град театар“ Будва, каде што имаше 4 изведби. Играњето на летните сцени продолжи со учеството во драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, а последната фестивалска изведба беше на Бриони во рамките на фестивалот РУТА...

Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се игра во Скопје на 23 октомври во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  Местното гледалишче Љубљанско и продукцијата на „Град театар“ Будва.

Премиерата на „Плејбои...“ беше на 10 август во рамките на фестивалот „Град театар“ Будва, каде што имаше 4 изведби. Играњето на летните сцени продолжи со учеството во драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, а последната фестивалска изведба беше на Бриони во рамките на фестивалот РУТА. Заедничка констатација од досегашните гостувања е задоволството на публиката и уживањето во маестралната изведба на традиционалната форма на комедија дел арте на режисерот Иван Пеновиќ.

Во копродокциската претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.