Првиот Британец заболен од ебола пристигна во Лондон

25.08.2014 11:33

Првиот Британец заразен со вирусот на ебола со специјален транспорт пристигна од Сиера Леоне во Велика Британија на лекување во посебна изолациска комора во болница во Лондон. Станува збор за 29-годишен медицинар којшто заминал во Западна Африка за да им помага на жртвите на смртоносниот вирус.

„Пациентот беше доведен во авион специјално адаптиран за такви случаи, и ќе биде префрлен во кралската болница во централен Лондон на лекување во изолирана единица, со песронал специјално обучен за ваков вид пациенти“, рече проф. Џон Востон, заменик главен лекар.

Два нови случаи на заразени со ебола се потврдени и во Демократска Република Конго. За еболата не постои лек, но со лекување на симпотимите и со правилна хидратација, пациентите имаат шанса да преживеат.