Обнова на споменикот „Македониум“
Итно ќе се интервенира со 2,5 милиона денари за да се заштити „Македонумот“ во Крушево. Протекува од витражите, а прилепскиот Завод и музеј ќе подготви проект за целосна реконструкција со помош на странски експерти.

Веднаш ќе започне привремената заштита на „Македониумот“ во Крушево за да заврши пред големите снегови. Итен проблем за решавање е протекувањето во споменикот.
Министерството за култура и туризам додели 2,5 милиона денари за привремената заштита, а в година прилепскиот Завод и музеј ќе подготви проект за целосна реконструкција на овој значаен споменик од прва категорија.
Проблем се повеќе места, а протекува кај витражите.
За целосната реконструкција која ќе трае неколку години неопходна е помош од странски експерти, особено за витражите.
Споменикот „Илинден“ е дело на Богдан и Искра Грабул, пуштен е во употреба пред 51 година. Од министерството велат дека се работело на санација од 2014, а било стопирано во 2017 година и оттогаш не е интервенирано.
Елизабета Митреска
