Аерозагадувањето го загрозува здравјето на граѓаните, предупредуваат лекари
Кашлица, тешко дишење, главоболки – аерозагадувањето го загрозува здравјето на граѓаните. Министерот Алиу вели, мирисот е непријатен, но според него, загаденоста не е на алармантно ниво. Надлежните се подготвуваат за зимската сезона, иако, и сега состојбата не ни е добра...

Чад и лоша миризба има, но не и загадување на воздухот коешто предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните во главниот град, вели министерот за здравство, откако се консултирал со лекари кои направиле анализа на податоците од мерните станици за квалитет на воздухот.
Горливиот проблем со аерозагадувањето годинава почна порано и пред грејната сезона.
Отежнато дишење, воспаление на белите дробови во комбинација со сезонските вируси ги плаши лекарите.
Според податоците на светска банка загадувањето на воздухот во земјава е сè уште на високо и годишно убива околу 2800 граѓани. Скопје И Тетово се изложени на значително повисоко ниво на токсични ПМ 2,5 честички во споредба со граѓаните на Западна Европа. Минатата година беше донесена новата Планска програма за почит воздух 2024-2030 година чија цел е среднорочно и долгорочно решавање на проблемите со загадувањето на воздухот во државата.
Наташа Јанчиќ Менковски
