Дел од учебниците не се доставени до училиштата
И покрај тоа што изминаа 10-ина дена од почетокот на новата учебна година, сè уште не се доставени сите учебници. Од училиштата очекуваат, тоа да се случи наскоро за да може наставата непречено да се одвива. Од МОН објаснија дека е испечатен целиот тираж, но, на дистрибутерите им било потребно дополнително време...

Сите ученици сè уште немаат учебници. Наставниците очекуваат наскоро до се комплетираат за да може наставата да се одвива непречено.
Од ресорното министерство уверуваат дека го испечатиле целиот тираж кој го побарале училиштата преку посебната електронска апликација за пријавување на потребните количини. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, како и новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, и по странските јазици. Сепак, од МОН рекоа дека на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за целосно да ја заокружат испораката. Од Министерство за образование уверуваат дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти.
Од оваа учебна година почнува примената на нов електронски дневник а и вештачката интелигенција влегува во наставата.
Ана Јосифоска
