Општина Аеродром
Нов протест поради депонијата „Вардариште“
11.09.2025 19:31
Во оваа општина со денови се чувствуваше непријатна миризба на чад од изгорени материјали, од кои некои и токсични, што предизвика револт кај граѓани од овој дел на главниот град...

Попладнево во Аеродром, нов протест со барање итно решение за депонијата „Вардариште“. Жителите се жалат дека дишат токсичен воздух, особено по вчерашната критична ноќ кога загадувањето беше алармантно.
Присутните на протестот ги потсетија надлежните дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем.
