Политика
Последна собраниска седница пред стартот на кампањата
12.09.2025 08:18
Сè уште е неизвесно дали пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за локална самоуправа, со кој се предлага граѓаните да можат на референдум да се изјаснат ако не се задоволни од работата на градоначалникот.

Во Собранието последна седница пред стартот на кампањата за локалните избори на 29-ти септември. Прва точка од дневниот ред е декларацијата за фер и демократски избори, предложена од спикерот Гаши.
Сè уште е неизвесно дали пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за локална самоуправа, со кој се предлага граѓаните да можат на референдум да се изјаснат ако не се задоволни од работата на градоначалникот.
Извесно е дека по изборите останува да се избере нов претседател на Антикорупциската комисија и Народен правобранител.
