Скопје

Ново судско рочиште за „Беланоца-Барон“

12.09.2025 09:23

Во затворот „Идризово“, ново рочиште за 9-мина обвинети, членови на криминалната група „Беланоца“. Обвинети се за најмалку осум убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани и дрога...

Во судницата во затворот „Идризово“, ново рочиште за 9-мина обвинети, членови на криминалната група „Беланоца“. Обвинети се за најмалку осум убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани и дрога.

На претходно судење, обвинетите и одбраната реагираа на начинот на кој обвинителството прибавило докази против нив, односно биле снимани во ќелија во Идризово. Според обвинителката доказите биле законски, имале информации оти групата и од затвор планирала други кривични дела, а за следењето имале дозвола од судија на претходна постапка.

„Беланоца“ е вмешана во двојното убиство во „Шиша бар“, ликвидацијата на шефот на групата „Грчец“, а дел од нив како нарачатели, извршители и логистика.