Полска ја затвори границата со Белорусија поради последиците од руската инвазија
Москва и Минск одржуваат заедничка воена вежба за која тврдат дека е планирана и не е насочена против никого...

На полноќ Полска ја затвори границата со Белорусија поради последиците од руската инвазија со беспилотни летала неделава. Москва и Минск одржуваат заедничка воена вежба за која тврдат дека е планирана и не е насочена против никого.
„Го правиме ова за безбедноста на нашите граѓани. Русија се однесува агресивно кон Полска во последните денови, а со години се однесува агресивно кон целиот цивилизиран свет. За да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, принудени сме да ги донесеме овие одлуки“, изјави Марчин Киервински, министер за внатрешни работи на Полска.
Советот за безбедност на ООН денеска ќе се состане да разговара за инцидентот во полскиот воздушен простор.
„Можеби беше грешка. Но, без оглед на тоа, не сум среќен со целата таа ситуација, но се надевам дека ќе заврши“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Европските лидери изразија загриженост поради растечкото руско непријателство што им се заканува на нивните земји. Упадот на дронови во Полска, кој се случи за време на руски напади врз соседна Украина, ги продлабочи долгогодишните стравувања дека тригодишната војна би можела да предизвика поширок конфликт.
