САД

САД: Се трага по напаѓачот на Кирк

12.09.2025 11:03

Напаѓачот кој го уби конзервативниот активист, а потоа исчезна во шумата, остана на слобода повеќе од 24 часа...

Новообјавените снимки од безбедносните камери открија лице осомничено за убиството на Чарли Кирк како се симнува по покрив и трча на улица. Напаѓачот кој го уби конзервативниот активист, а потоа исчезна во шумата, остана на слобода повеќе од 24 часа. Федералните истражители апелираа за помош од јавноста објавувајќи фотографии од лицето за кое веруваат дека е одговорно. Објавена е награда од 100.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на сторителот.

„Сакаме да се осигураме дека видеото и фотографиите ќе добијат што е можно повеќе внимание, за да можеме да добиеме помош од јавноста во пронаоѓањето на ова злобно човечко суштество“, изјави Спенсер Кокс, гувернер на Јута.

Истражителите добија траги, вклучувајќи отпечатоци од дланка и од чевел и моќна ловна пушка пронајдена во пошумена област по патеката по која избегал осомничениот.