Кривичен суд

Продолжува судењето за незаконска набавка на лекови на Онкологија

12.09.2025 08:41

Нино Васев повторно седнува на обвинителна клупа. Заедно со поранешниот економски директор Нухи се обвинети за незаконска набавка на лекови. Го оштетиле државниот буџет за над две милијарди денари.

Ексдиректорот на Онкологија Нино Васев повторно седнува на обвинителна клупа. Заедно со поранешниот економски директор Нухи се обвинети за незаконска набавка на лекови. Го оштетиле државниот буџет за над две милијарди денари.

Според обвинителниот акт, спротивно на законите и без валидна документација, овозможувале исплати од Фондот за здравствено осигурување, со што добавувачите заработиле над 430 милиони денари. Дополнително, медицинскиот директор фиктивно раздолжувал лекови и присвоил дел од нив, со што лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Васев и тројца лекари-онколози во друг случај се обвинети и за несовесно лекување пациенти. Една лекарка го призна делото.