Дрисла сè уште чади, Вардариште целосно изгаснато
Депонијата Дрисла и понатаму чади, но во многу помал обем, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Вчера бил затрупан дел од просторот каде што имаше чадење, а денеска активностите продолжуваат со засилено темпо. Во меѓувреме, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната и од неа повеќе нема чад...

Депонијата Дрисла и понатаму чади, но во многу помал обем, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека вчера бил затрупан дел од просторот каде што имаше чадење, а денеска активностите продолжуваат со засилено темпо откако беа завршени неколку логистички подготовки за полесен пристап до критичната точка.
Ангелов нагласи дека чадењето од Дрисла не е причина за утринската магла во Скопје. Во меѓувреме, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната и од неа повеќе нема чад.
За прашањата поврзани со загадувањето на воздухот од депонијата Дрисла, од ДЗС упатуваат да се побара официјална информација од Министерството за животна средина и просторно планирање.
