Работен состанок на Стопанската комора и бизнис заедницата за поддршка на Макпрогрес-Виница
Како што стои во соопштението на Стопанската комора, на состанокот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов, којшто, како што велат од Стопанската комора, ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата и деталите во врска со пожарот.

Во организација на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска ќе биде одржан работен состанок со претставници на најголемите ланци на маркети, дистрибутери, Советот на странски инвеститори, како и претставници од здруженијата, со цел поддршка на компанијата Макпрогрес – Виница, по неодамнешниот пожар кој предизвика сериозни штети врз дел од имотот и производствените капацитети.
Како што стои во соопштението на Стопанската комора, на состанокот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов, којшто, како што велат од Стопанската комора, ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата и деталите во врска со пожарот.
Целта на состанокот е креирање на кампања за засилена продажба на производите на Макпрогрес – Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа, како и голем дел од производите кои се произведуваат под приватни трговски марки на водечките малопродажни ланци на маркети во Македонија.
