Бразил

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро, осуден за обид за државен удар

12.09.2025 15:05

Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години затвор за обид за државен удар...

Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години затвор за обид за државен удар и водење вооружена криминална организација.

70-годишниот Болсонаро е обвинет дека водел заговор против неговиот левичарски ривал Лула да Силва по поразот на изборите во 2022 година. Болсонаро е во домашен притвор од почетокот на август, а за негово ослободување се залага и претседателот Трамп кој воведе царини за Бразил од 50 насто.