Македонија
Тешка сообраќајка на експресниот пат Штип- Радовиш, има загинати и повредени
12.09.2025 09:46
Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река. Според првичните информации, има починати и повредени лица.

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река. Според првичните информации, има починати и повредени лица.
На терен се две возила на итната медицинска помош, тим од пожарникарите на штипската противпожарна бригада и полициски службеници од полициската станица во Штип.
Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна несреќа.
