цук

ЦУК: 13 пожари се изгаснати, под контрола пожарот во депонијата Дрисла

12.09.2025 10:08

Вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре...

Денеска на територијата на државава има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден, а 13 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),под контрола е пожарот во депонијата Дрисла во Општина Студеничани каде гори ѓубре.

Изгаснати се пожарите во 
Општина Струга кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), како и во населбата Елен Камен (ниска вегетација), во
Општина Липково село Никуштак и Општина Гази Баба село Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума)
, Општина Старо Нагоричане село Челопек (плевна и ниска вегетација), 
Општина Крушево село Норово (ниска вегетација и дел дабова шума), 
Општина Крушево Градска депонија (ѓубриште), 
Општина Делчево Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади), 
Општина Босилово село Иловица (депонија), 
Општина Ново Село село Мокриево (ниска вегетација), 
Општина Ново Село село Старо Коњско (депонија), 
Општина Зелениково село Страхојадица (ниска вегетација и ѓубре), 
Општина Штип во близина на Градски пазар (ниска вегетација) и во
Општина Шуто Оризари на улицата „Хаџи Јован Шишко“ (ѓубре).