МВР
Лишен од слобода скопјанец, пронајдени оружје и муниција
12.09.2025 11:47
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 18:40 часот во с. Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(75) од с. Трубарево, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
