Украинците незадоволни од историскиот договор со Москва
Вчерашниот историски договор, постигнат со Москва, ја спаси Украина од банкрот којшто неизбежно ќе се случеше со потпишување на договорот за приклучување кон Европската Унија, рече украинскиот премиер Микола Азаров. По разговорите меѓу рускиот и украинскиот претседател Путин и Јанукович, Русија се согласи драстично да ја намали цената на гасот за Украина и да купи украински обврзници во вредност од 15 милијарди долари.

Вчерашниот историски договор, постигнат со Москва, ја спаси Украина од банкрот којшто неизбежно ќе се случеше со потпишување на договорот за приклучување кон Европската Унија, рече украинскиот премиер Микола Азаров. По разговорите меѓу рускиот и украинскиот претседател Путин и Јанукович, Русија се согласи драстично да ја намали цената на гасот за Украина и да купи украински обврзници во вредност од 15 милијарди долари.
„Не постои друга алтернатива. Договорот има за цел да ја зголеми динамиката на трговската размена. Украина и Русија се стратегиски партнери“. ---рече Виктор Јанукович, претседател на Украина
Ваквата одлука пак ги разлути и онака гневните украински граѓани, коишто цврсто ги продолжуваат протестите на киевските улици.
„Не ми се допаѓа она што Јанукович го направи вчера, бидејќи Русија ни даде пари, и утре ние ќе мора да и дадеме нешто друго. Нешто што нема да можеме да го дадеме“. -изјави незадоволен студент од Киев
Администрацијата на американскиот претседател Обама објави дека договорите меѓу Киев и Москва не даваат одговор на загриженоста на демонстрантите во Украина, и ја повика земјата да се врати на „патот кон европската иднина“.
Вооружен маж убил една лице и ранил уште две други пред да си го одзеде животот во болница во американскиот град Рино. Напаѓачот и жртвите засега не се идентификувани, а не е познат ниту мотивот за нападот. Во моментот во болницата имало околу 100 лица. Последниот напад во САД се случи пред само неколку дена кога беа ранети двајца ученици во Колорадо, а напаѓачот беше пронајден мртов.
Петмина комесари на истанбулската полиција се сменети од функцијата откако биле уапсени најмалку 49 лица меѓу кои и тројца синови на турски министри како и генералниот директор на турската државна Халкбанка. Комесарите биле сменети поради финансиски обвиненија и организран криминал. Премиерот Ердоган, одбивајќи да ја коментира полициската акција, изјави дека оние што се поддржани од темните кругови во и надвор од земјата не можат да ја променат насоката на Турција.
Во Атина почна судењето на двајцата осомничени припадници на неонацистичката „Златна зора“ поради убиството на Пакистанец. Доколку ги прогласат за виновни, им се заканува казна доживотен затвор. Осомничените негираат дека се дел од ултрадесничарската партија. Активисти и имигранти повикаа на протест пред атинскиот суд.
