Земјоделство

Умереното време ќе го спаси родот

25.08.2014 11:48

Умереното време ќе спаси дел од квалитетот на винското грозје. Пониските температури ќе бидат поволни и за другите земјоделски активности.

Неделава според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи во поголем дел од земјава ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а ќе има и услови за локален краткотрен пороен дожд со пониска температура за 4 до 5 степени.

Агрометеоролозите проценуваат и дека во овој период умерените температури ќе влијаат за подобар развој на земјоделските културите, особено пролетните, и кај овошките.

Влагата во почвата има доволно што според експертите е добро за јаболките и другото овошје за родот следната година.
Сувото време е одлично за берба, а ваквите температури на воздухот ќе донесат  и квалитет на плодовите.