Локални избори

ДИК: Вкупно 6.787 граѓани се провериле во Избирачкиот список

12.09.2025 12:30

Рокот за проверка во избирачкиот список заврши вчера на полноќ. Вкупен број на граѓани кои се провериле во Избирачкиот список е 6.787...

Вкупен број на граѓани кои се провериле во Избирачкиот список е 6.787 – информираат Државната изборна комисија.

Рокот за проверка во избирачкиот список заврши вчера на полноќ.

11 лица побарале запишување, а 199 бришење од Избирачкиот список, од кои 197 поради смрт и 2 поради отпус од државата. 151 граѓанин побарале промена на податоците во ИС, најчеста за адресата на живеење или пак поради промена на презиме.

За време на јавниот увид електронски, преку веб-страницата на ДИК се провериле 19.666 граѓани.

Во сабота на 13-ти септември на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори.