Македонија

Tројца странски работници загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

12.09.2025 16:32

Tројца загинати и двајца повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Tоварно возило излетало од мостот „Балталиска река“ во близина до селото Лакавица. Во него се пренесувале странски работници кои биле работно ангажирани за струмичка фирма...

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случи на експресниот пат Штип – Радовиш. Патувајќи кон Скопје, комбе на компанија од Струмица кое превезувало четворица градежни работници излетало од патот и паднало кај мостот на Балталиска река, при што загинаа тројца странски работници.

Двајца градежни работници од Бангладеш и еден од Непал загинаа утринава во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш во близина на село Лакавица. Комбе со струмички регистарски ознаки, сопственост на фирма од Струмица, излетало од мостот при патување во Скопје, каде биле ангажирани странските работници.

Во несреќата се повредени уште еден работник од Бангладеш и возачот од струмичкото село Иловица.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител од Штип, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител се изврши и сообраќајно вештачење.

 

Славица Величковска